• петок, 05 декември 2025

Хаарец: Мосад користел однапред поставени дронови и технологии за нападот врз Иран

Хаарец: Мосад користел однапред поставени дронови и технологии за нападот врз Иран

Тел Авив, 13 јуни 2025 (МИА) – Израелската тајна служба Мосад активирала дронови со експлозив кои претходно биле прокриумчарени во Иран и складирани во тајна база, изјави висок израелски безбедносен извор за весникот Хаарец.

Дроновите биле употребени за време на масовните напади на израелските воздухопловни сили врз ирански воени и нуклеарни објекти во текот на изминатата ноќ.

- На почетокот на нападите, паралелно со воздушните удари, Мосад ги активираше однапред подготвените системи за оваа операција, рече изворот.

Според него, дроновите биле поставени на лансери за ракети земја-земја во база во близина на Техеран. Истовремено, специјалци на Мосад поставиле системи за прецизно наведување на оружје на отворени простори, блиску до ирански противвоздушни системи.

Мосад распоредил и офанзивна технологија на возила за неутрализирање на иранската ПВО, овозможувајќи прецизни удари од израелските авиони. Првите напади резултирале со уништување на дел од иранската одбрана.

Операцијата се подготвувала со години, вклучително и прибирање информации за команданти на иранските сили и нуклеарни научници, кои подоцна биле ликвидирани. Израелската армија и Мосад исто така следеле ирански стратешки ракетни инфраструктури.

Израелски борбени авиони погодиле над 100 цели низ Иран, вклучувајќи нуклеарни постројки и локации каде престојуваат високи ирански функционери, со цел да се ослабне способноста на Техеран за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети.

Според иранскиот портал „Ноурњуз“ (Nournews), кој се повикува на неофицијални податоци, во денешните израелски напади врз Иран загинале 78 луѓе, а 329 се повредени. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан