• вторник, 25 јуни 2024

Фудбалската федерација на Косово реагира кај УЕФА поради провокациите на српските навивачи на ЕУРО2024

Фудбалската федерација на Косово реагира кај УЕФА поради провокациите на српските навивачи на ЕУРО2024

Приштина, 17 јуни 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Косово соопшти денеска дека доставила официјална реакција до УЕФА „поради истакнувањето на знамиња, пароли и скандирања од страна на српските навивачи со политички, шовинистички и расистички пораки против Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на ФФК е поврзана со настаните пред и за време на синоќешниот натпревар меѓу Србија и Англија во рамките на Еропското првенство во фудбал ЕУРО2024 што се одржува во Германија.

- Непреченото прикажување на вакви пораки и повици на еден голем настан како ЕУРО2024 е бесмислено и апсурдно. Преку ваквите повици се докажува всадената омраза кај јавноста во Србија кон соседите. ФФК во претставката поднесена со потребните докази до УЕФА, побара строги дисциплински мерки против Фудбалската федерација на Србија, како повторни сторители на вакви прекршувања. Истовремено, бараме од организаторот да бидат внимателни со цел да се избегне истакнување на вакви транспаренти на идните натпревари, бидејќи тие претставуваат сериозно прекршување на правилата на УЕФА, се вели во соопштението на ФФК.

Во неделата вечерта во Гелзенкирхен, во натпревар од првото коло од натрпеварите по групи во рамки на ЕП 2024, Англија ја победи Србија со 1:0. аи

Фото: Архива

Остани поврзан