• среда, 19 јуни 2024

Фредериксен: Се уште не се чувствувам како обично

Фредериксен: Се уште не се чувствувам како обично

 

Копенхаген, 11 јуни 2024 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека сè уште физички и психички се опоравува од нападот во центарот на Копенхаген минатата недела и предупреди на зголемување на јавната агресија.

За нападот во кој Фредериксен се здоби со полесна повреда на вратот, приведен е 39-годишен Полјак. Тој бил под дејство на алкохол и дрога и нема индикации дека имал политички мотив, соопштија данските власти.

-Сè уште не сум сосема своја. Се грижам за мојата работа како премиер и секогаш ќе се грижам за тоа, вели Фредериксен во интервју.

Нападот се случи само три недели откако словачкиот премиер Роберт Фицо беше тешко повреден во обид за атентат.

Фредериксен рече дека забележала промена во јавноста во последните години.

-Постојат закани долго време, многу остри зборови на социјалните мрежи, и се влошува, особено по војната на Блискиот исток, има многу викања во јавноста, луѓето се однесуваат многу, многу агресивно. Бевме горди што сме земја во која премиерот оди на работа со велосипед, рече таа. 

Но, додаде таа, се случи промена.

-Јас секогаш бев на располагање, но уличната сцена се промени и има места каде што повеќе не можеме да одиме, барем некои од нас политичарите, рече таа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан