ОН почна истрага за нападот врз училиштето за девојчиња во Иран
- „Ние сме во раната фаза на истрагата“, изјави на прес-конференција во Женева, Макс ду Плесис, член на мисијата на ОН за утврдување факти за војната во Иран.
Женева, 17 март 2026 (МИА) - ОН почна истрага за смртоносниот напад врз иранското основно училиште за девојчиња на првиот ден од американско-израелските напади врз оваа земја - изјави денеска еден од истражителите.
Нападот врз училиштето „Шаџарех Тајебех“ беше извршен со две ракети и беа убиени 169 деца, претежно девојчиња, соопштија ирански претставници.
Британските медиуми на 5 март објавија дека американските воени истражители веруваат оти тоа го извршиле американските сили, но истрагата на Пентагон сè уште е во тек.
„Ние сме во раната фаза на истрагата“, изјави на прес-конференција во Женева, Макс ду Плесис, член на мисијата на ОН за утврдување факти за војната во Иран.
Доколку се потврди дека американската војска е виновна, тоа ќе биде еден од инцидентите со најмногу цивилни жртви во децениите американски напади на Блискиот Исток.сд/јт/
Фото:МИА архива