• вторник, 25 март 2025

Фредериксен: Доаѓањето на американска делегација на Гренланд е неприфатлив притисок

Фредериксен: Доаѓањето на американска делегација на Гренланд е неприфатлив притисок

Копенхаген, 25 март 2025 (МИА) - СAД вршат неприфатлив притисок врз Гренланд, изјави за ТВ2 данската премиерка Мете Фредериксен, пред посетата на висока американска делегација на полуавтономната данска територија оваа недела.

Посетата на американската делегација, која ќе трае од четврток до сабота, ќе ја предводи Уша Венс, сопруга на потпретседателот Џеј-Ди Венс, заедно со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, и секретарот за енергетика Крис Рајт.

„Морам да кажам дека притисокот што се врши врз Гренланд и Данска во оваа ситуација е неприфатлив. И тоа е притисок на кој ќе се спротивставиме. Посетата не може да се сфати како знак на почит. Планираните посети не можат да се гледаат одделно од се погласните изјави и пораки што ги слушаме од Америка од јануари, изјави Фредериксен за ТВ2.

Ниту Владата на Гренланд ниту Владата на Данска не упатија покана до делегацијата. рп/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан