• среда, 17 април 2024

Фредериксен: Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина

Фредериксен: Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина

Минхен, 18 февруари 2024 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен денеска најави дека Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да ги снабдат украинските вооружени сили со муниција и системи за противвоздушна одбрана, бидејќи „сега им се повеќе потребни“.

Говорејќи на маргините на конференцијата за безбедност во Минхен, таа се пожали дека „нема доволно чувство на итност“ во дискусиите на конференцијата во врска со трансферот на оружје, кое на Украина и е „потребно веднаш“.

Фредериксен рече дека европските лидери честопати ги посочуваат проблемите со производството како главна пречка за зголемување на понудата и сега отвораат нови одбранбени компании за идните потреби.

„Но, Украина од нас бара артилерија и муниција во моментов. И затоа ми е жал, пријатели, но во Европа има воена опрема. Не се работи само за производство. Имаме оружје, имаме муниција и системи за противвоздушна одбрана Тие мора да бидат испратени во Украина“, рече Фредериксен.

Таа исто така рече дека без оглед на тоа што моментално се случува во САД, Европа мора да преземе одговорност за сопствената безбедност:

„Мораме да направиме повеќе“, додаде Фредериксен. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан