• недела, 22 декември 2024

Францускиот производител на воена опрема ќе вработи повеќе од 12 илјади работници

Францускиот производител на воена опрема ќе вработи повеќе од 12 илјади работници

Париз, 27 февруари 2023 (МИА) - Францускиот производител на воена опрема „Талес Груп“ (Thales Group) денеска објави дека оваа година има намера да отвори повеќе од 12.000 нови работни места ширум светот, најмногу во Европа и во сегментите на истражување и развој и индустриски операции.

Компанијата со седиште во Париз очекува да вработи убедливо најмногу нови работници во нејзината матична земја Франција, 5.500. Следува Британија, каде има намера да вработи 1.050 нови работници, Австралија 600, Индија 550 и САД 540.

Во Европа, без Франција, ќе бидат отворени вкупно 3.340 нови работни места. Се планира да се вработат 400 нови работници во Холандија, 200 во Полска, 190 во Германија и 180 во Романија, се наведува во соопштението.

„Талес“ ќе вработи нови кадри на сите работни места и во сите деловни сегменти, а особено во сегментот за истражување и развој, околу 40 отсто, во кој главно работат ИТ инженери, експерти за кибер безбедност и вештачка интелигенција.
 
Во осум последователни години, од 2015 до 2022 година, се вработуваа најмалку 5.000 нови работници годишно, објави „Талес“, кој работи во 68 земји низ светот. паг/
 

Фото: ЕПА

Остани поврзан