• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Франција ќе испрати брод на морнарицата за „поддршка“ на болниците во Газа

Франција ќе испрати брод на морнарицата за „поддршка“ на болниците во Газа

Париз, 25 октомври 2023 (МИА) - Претседателот Емануел Макрон денеска најави дека Франција испраќа брод на морнарицата за поддршка на болниците во Појасот Газа, што се изложени на ризик од колапс под израелското бомбардирање и опсада.

Бродот „ќе го напушти Тулон во следните 48 часа“, рече францускиот претседател за време на заедничката прес-конференција во Каиро со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Франција, исто така, ќе испрати авион со медицинска опрема во Египет за да биде пренесен на палестинската територија. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан