• недела, 22 декември 2024

Франција бара да се спречи бојкотот на нејзините производи од земјите од Блискиот исток

Франција бара да се спречи бојкотот на нејзините производи од земјите од Блискиот исток
Париз, 25 октомври 2020 (МИА) - Франција денеска ги повика земјите од Блискиот исток да спречат малопродажните претпријатија да ги бојкотираат француските производи. Во соопштението на француското Министерство за надворешни работи се наведува дека последните денови имало повици за бојкот на француски производи, особено прехранбени, во неколку земји од Блискиот исток, како и повици за демонстрации против Франција во врска со објавувањето сатирични цртежи од пророкот Мухамед. „Овие повици за бојкот се неосновани и треба веднаш да прекинат, како и сите напади врз нашата земја, на кои инсистира радикалното малцинство“, се вели во соопштението. Трговските синџири од неколку арапски земји вчера повикаа на бојкот на француските производи, откако францускиот претседател Емануел Макрон вети дека неговата земја нема да се откаже од карикатурите на пророкот Мухамед. Макрон таа изјава ја даде во четвртокот на комеморативниот собир во чест на професорот Самиел Пати, кој беше убиен од радикален исламист од Чеченија, поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед на неговите ученици во средно училиште во предградие на Париз. Новинската агенција Анадолија јави дека трговските синџири во Катар и Кувајт повикале на бојкот на француските производи. паг/

Остани поврзан