• вторник, 05 ноември 2024

Форумска сесија за планирање на буџетот на Општина Новаци

Форумска сесија за планирање на буџетот на Општина Новаци
Новаци, 18 октомври 2022 (МИА) - Општина Новаци одржа форумска сесија со цел јавно планирање на буџетот на тамошната локална самоуправа за 2023 година. Со реализација на буџетскиот форум се добива можност на транспарентен начин да се утврдт приоритетите на жителите и да се планира трошењето на граѓанските пари, информираа од Општина Новаци. -Приоритет во следната година повторно ќе им се даде на инфраструктурните проекти, уредување патната инфраструктура до Индустриската зона во Новаци, нејзино внатрешно инфраструктурно уредување, изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за Добромири, пречистителна станица за Новаци, изградба на пешачка патека од Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, вложување во чиста енергија, фотоволтаици, искористување на биомаса, реконструкција на фасадата во ОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци, развој на алтернативниот туризам, поддршка на младите, спортот и кутлурата, истакна Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци. Во наредниот период ќе се одржат уште четири форумски сесии со различни целни групи од Општина Новаци. мт/сст/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан