• четврток, 21 ноември 2024

Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош на поплавените во БиХ 

Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош на поплавените во БиХ 

Брисел, 7 октомври 2024 (МИА) - Нашите срца и мисли се со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави, наведе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на Икс во врска со поплавите во БиХ. 

- Го активиравме нашиот Механизам за цивилна заштита на ЕУ и испраќаме спасувачки тимови на терен. Ова е солидарноста на ЕУ на дело, додаде Фон дер Лајен во објавата. 

Претходно и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сореца, исто така на Икс, објави дека БиХ го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и спасувачки тимови ќе пристигнат на терен во поплавените подрачја.  - ЕУ стои до БиХ! На местото на настанот пристигнуваат екипи за реакција. Босна и Херцеговина е полноправна членка на Механизмот од септември 2022 година. Тимовите на Босна и Херцеговина учествуваа во спасувачките напори во Словенија и Турција. Солидарност на дело, наведе Сореца во објавата. сп/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан