• сабота, 27 јули 2024

Фон дер Лајен: Европската комисија за три недели ќе претстави предлог стратегија за одбранбената индустрија

Фон дер Лајен: Европската комисија  за три недели ќе претстави предлог стратегија за одбранбената индустрија

Брисел, 17 февруари 2024 (МИА) - Европската комисија за три недели ќе претстави предлог стратегија за одбранбената индустрија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека ќе отвори и канцеларија за одбранбени иновации во Украина.

„Мораме да потрошиме повеќе, без никакви прашања... Ако ги погледнам бројките, имаме зголемување од 20 проценти во однос на минатата година, но тоа сепак не е доволно. Знаеме дека ова мора да биде одржливо. Мора подобро да трошиме“, истакна таа на Минхенската безбедносна конференција.

Фон дер Лајен рече дека треба да има заеднички набавки и оти смета дека, како што наведе, „треба да трошиме повеќе како Европејци“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан