• понеделник, 22 јули 2024

Фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од натамошни дејствија на Блискиот Исток

Фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од натамошни дејствија на Блискиот Исток

Брисел, 19 април 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од натамошни дејствија на Блискиот Исток.

„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни дејствија“, рече Фон дер Лaјен за време на посетата на Лапенранта со финскиот премиер Петер Орпо, на околу 25 километри од руската граница

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на „апсолутна деескалација“ по информациите дека Израел извршил напад врз Иран, велејќи дека колегите од Г7 ќе разговараат за тоа на состанокот во Капри.

„Ги повикуваме сите да бидат внимателни за да се избегне ескалација. Г7, која ги вклучува Велика Британија, Америка, Франција, Германија, Јапонија и Канада, сака „апсолутна деескалација“ на Блискиот Исток, рече Тајани за телевизијата РАИ, пренесе „Гардијан“.

Оман, кој дејствуваше како посредник на Блискиот Исток, го осуди израелскиот напад на иранска територија, како и „повторените израелски воени напади во регионот“, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан