• четврток, 26 март 2026

Фон дер Лајен во разговор со Херцог: Израел има право на самоодбрана, но потребна е воздржаност

Фон дер Лајен во разговор со Херцог: Израел има право на самоодбрана, но потребна е воздржаност

Брисел, 13 јуни 2025 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговараше со израелскиот претседател Ицак Херцог за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток и ги повика сите страни на максимална воздржаност.

„Повторив дека Израел има право да се брани себеси и својот народ“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс. „Но воедно е од суштинска важност да се зачува стабилноста во регионот“, додаде таа.

Изјавата доаѓа во момент кога Израел и Иран потврдија дека Иран започнал нов ракетен напад врз израелска територија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан