• петок, 20 септември 2024

Флик: Треба да го прифатиме поразот од Монако и да се вратиме посилни

Флик: Треба да го прифатиме поразот од Монако и да се вратиме посилни

Барселона, 20 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се осврна на поразот од Монако во натпреварот од 1. коло на главниот турнир во Лигата на шампионите.

Каталонскиот клуб синоќа на гостински терен загуби со 2:1.

- Дадовме се од себе во текот на целиот натпревар, но мора да признаеме дека Монако заслужи да победи. Сега треба да извлечеме поука и да се вратиме посилни. Имаме уште седум шанси. Мора да го прифатиме овој пораз. Уверен сум дека со враќањето на повредените играчи, Барселона ќе стане посилен тим, изјави Флик за „Football Espana“.

Во второто коло Монако ќе игра на гости кај Динамо Загреб на 2 октомври. Барселона ден претходно ќе се сретне со Јанг Бојс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан