Фудбалски судија претепан во либиското дерби
- Дерби натпреварот во либиската фудбалска лига меѓу Ал Ахли Бенгази и Ал Итихад од Триполи беше прекинат, откако навивачи влегоа на теренот, а главниот судија Фабио Хозе Коста од Португалија беше повреден.
Триполи, 19 јуни 2025 (МИА) – Дерби натпреварот во либиската фудбалска лига меѓу Ал Ахли Бенгази и Ал Итихад од Триполи беше прекинат, откако навивачи влегоа на теренот, а главниот судија Фабио Хозе Коста од Португалија беше повреден.
Натпреварот во Триполи беше прекинат во 39 минута кога резервните играчи на Ал Ахли и навивачите втрчаа на теренот во знак на протест против начинот на кој играчите од противничкиот гол прославија гол.
Автобусот на тимот Ал Итихад беше запален, а локалните медиуми објавија дека португалскиот судија Коста бил претепан.
Снимките од инцидентите објавени на социјалните мрежи покажуваат судири меѓу навивачите и полицијата во и надвор од стадионот.
Ал Ахли за инцидентите посочи обвини „провокативен чин“ на еден од играчите на Ал Итихад. Клубот во соопштението наведе дека безбедносните сили употребиле „прекумерна сила и боева муниција“ против навивачите. ег
ФОТО: ЕПА