Босанецот Велиќ нов фудбалер на Работнички
- Босанскиот фудбалер Амир Велиќ потпиша денеска двегодишен договор со македонскиот прволигаш Работнички
Скопје, 19 јуни 2025 (МИА) – Босанскиот фудбалер Амир Велиќ потпиша денеска двегодишен договор со македонскиот прволигаш Работнички
Дваесетишестгодишниот Велиќ е централен дефанзивец, кој доаѓа од Босна и Херцеговина, каде настапуваше за Игман Коњиц, Горажде и Орашје.
Работнички изминатата сезона успеа да избори излез на европската сцена по пауза од седум години и ќе настапи во 1. квалификациско коло во Конференциската лига.
Противник на Работнички ќе биде белорускиот прволигаш Торпедо - Белаз, а поуспешниот од оваа пресметка во 2. квалификациско коло ќе игра против израелски Макаби Хаифа.
Натпреварите од воведното коло во Конференциската лига ќе се играат на 10 и 17 јули. ег
ФОТО: ФК Работнички/Фејсбук