• недела, 22 декември 2024

ФИФПРО поднесе тужба против ФИФА

ФИФПРО поднесе тужба против ФИФА


Брисел, 13 јуни 2024 (МИА) – Меѓународниот синдикат на професионални фудбалери (ФИФПРО), заедно со Англиската асоцијација на професионални фудбалери (ПФА) и Францускиот сојуз на фудбалери (УНПФ), кои се негови членки, поднесоа денеска правна тужба до судот во Брисел против ФИФА поради одржувањето Светското клупско првенство.
Првото издание на проширеното светско клупско првенство со дури 32 учесници би требало да се одржи на крајот од следната сезона во САД, а на оваа идеја се спротивставуваат ФИФПРО и Сојузот на светски фудбалски лиги, кој, исто така, се закани со правна дејствија против ФИФА ако не разгледа своите планови за тоа натпреварување.
Бидејќи ФИФА и минатиот месец одби да ги разгледа промените, ФИФПРО презеде акција.
„Европските членки на ФИФПРО денеска поднесоа правна постапка против ФИФА оспорувајќи ја нејзината одлука за еднострано приспособување на меѓународниот календар на натпревари и особено одлуката за креирање и приспособување на распоредот на Светското клупско првенство 2025 година. Синдикатите на фудбалерите се убедени дека овие одлуки ги кршат нивните права, како и нивните здруженија според Повелбата за основните права на Европската унија и потенцијално го прекршуваат Законот за конкуренција на ЕУ“, објави ФИФПРО. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан