• сабота, 21 декември 2024

Филипче: Силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија

Филипче: Силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија

10 октомври 2024

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска одржа средба со претставници од Социјалдемократската партија на Шведска, пратеници во шведскиот парламент.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката и размената на искуства меѓу двете сестрински партии, со цел зајакнување на демократските вредности и политики преку силна социјалдемократска политичка алтернатива во македонското општество. Членовите на двете сестрински партии  дека социјалдемократските политики се најдоброто решение за современите предизвици во Европа.

На средбата се дискутираше и за актуелната политичка состојба во државата.

Претседателот Филипче изрази загриженост за фактот што актуелната власт сè уште не презентира конкретен план за евроинтеграцискиот процес на државата.

„Откако се случи раздвојувањето од Албанија, од Владата на ВМРО ДПМНЕ нема јасен и конкретен план како ќе продолжи државата да напредува, како ќе продолжи евроинтеграцискиот процес. Како пратеничка група, побаравме и одржување на затворена собраниска седница за да го слушнеме планот на Владата, но и на ова барање сè уште нема одговор. Во моментов државата е заглавена и не гледаме конкретни чекори што понатаму“, рече Филипче.

Претставниците на двете партии потенцираа дека државата мора да продолжи по европскиот пат, секоја друга опција ја става во ризик иднината на државата. Се согласија дека силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија.

Претседателот Филипче на состанокот информираше за внатрепартиските реформи и консолидирањето на СДСМ. Потенцираше дека СДСМ ќе продолжи да делува како конструктивна опозиција и ќе ги поддржи политиките кои се во интерес на граѓаните.

СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан