• сабота, 22 февруари 2025

Физички инцидент меѓу двајца лекари во Клиничката болница - Штип 

Физички инцидент меѓу двајца лекари во Клиничката болница - Штип 

Штип, 6 февруари 2025 (МИА) - Двајца лекари се степале во Клиничката болница - Штип во текот на вчерашниот ден. Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е пријавен вчера кај нив во 12:45 часот.

-На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница - Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.

Во него се наведува дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан