• среда, 13 ноември 2024

Фестивал на медот во Прилеп

Фестивал на медот во Прилеп

Прилеп, 9 октомври 2024 (МИА) - Преку 15 производители на мед од прилепскиот регион денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ ги изложија пчелните производи на 15-тиот Фестивал на медот во Прилеп. Одржувањето на Фестивалот традиционално е поврзано со одбележувањето на националниот празник 11 Октомври. Фестивалот кој ќе трае од 9 до 12 октомври го организира прилепското пчеларско здружение „Брадство“ со поддршка на локалната самоуправа.

Годинашново производство на мед е условено од климатските промени, но и големите пожари го зедоа данокот.

-Производството на мед се намалува, а и бројот на пчелари двојот е редуциран. Климатските промени, промените, иселувањето, а и недостигот од помош од државата, си го прават своето. Оваа година лошо се одрази на приходот на мед во Регионот. Сушата и пожарите лошо се одразија, изгореа цели пчеларници во Мариовскиот реон. Просекот е околу 6 до 7 килограми мед од пчелно семејство што предизвикува и поголема цена на медот. Се зголемуваат трошоците на производство. Во моментов се околу 400 денари за производствоп на килограм мед, а продажната цена од 600 денари е ниска, изјави Дејан Бошкоски, претседател на здружението „Брадство“ од Прилеп.

Потребно е ние, како производители да бидеме во владините мерки, но лошо 3е и што немаме организиран пласман на медот.

-Имаме прекрасни услови за производство на висококвалитетен мед, но немаме организиран пласман и во државата и надвор од неа. Потребно е државата да понуди стратегија, објаснува Бошкоски.

Пчеларите се жалаат на нелојалната конкуренција.

Во здружението „Брадство“ се 70-тина членови, а во Прилепскиот регион има околу 150 пчелари.

Фото: МИА

 

Остани поврзан