• недела, 22 декември 2024

Фестивал на велешка пита и македонски вина „Питијада“

Фестивал на велешка пита и македонски вина „Питијада“

Велес, 12 октомври 2024 (МИА) - Во рамките на годинашната „Питијада“ 2024, Велес постави нов рекорд - вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4м и 20цм. Зоранчо Илиевски, Стеве Костадинов, Георгиј Јамалов, Благојче Николов, Александар Панов, Паскал Јамалов, Лазе Коцевски и Александар Јамалов од Фурна Гемиџии ја подготвија оваа пита од 15кг. брашно, 25кг. тесто, 40кг. месо и 330 јајца.

Во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели, најавија организаторите од Општина Велес.

На оваа велешка традиција присуствуваше и премиерот на Христијан Мицкоски, заедно со министерот Зоран Љутков, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов, градоначалник Митко Јанчев, претседателот на Совет Даниел Јаневски и советниците од Советот на Општина Велес.

Фестивалот на велешка пита и македонски вина „Питијада“ 2024 продолжува денеска со изложба на стари автомобили-олдајмери претпладнево, во организација на здружението "Kings of the streets" се изложени долж главната улица „Благој Ѓорев“ на потегот од кружен тек „Авона“ до Стоковната Бос.

Вечерва е забевен - музички дел со настап на познати уметници. Во рамките на „Питијадата“ 2024 има и Саем на рачни изработки.ад/бт/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан