• вторник, 25 јуни 2024

Фестивал на грозје во Бојане

Фестивал на грозје во Бојане
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Шестото издание на Фестивалот на грозје „Бојане“ ќе се одржи денеска на плоштадот во селото Бојане, општина Сарај. Настанот го организира ЗИП Институт, со помош на Општина Сарај. Фестивалот ќе почне во 14 часот со настапи на културно-уметнички друштва, а воведни обраќања ќе имаат Агим Селами, директор на ЗИП Институт, Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај, Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегација на Европска Унија во Северна Македонија и Флоријан Ќехаја, амбасадор на Република Косово во Северна Македонија. Програмата на фестивалот вклучува отворање детско катче за најмладите посетители и богата културно-уметничка програма со традиционални песни, танцување и стенд ап комедија. мч/дма/  

Остани поврзан