• недела, 22 декември 2024

ФБИ: ТикТок може да се користи за контрола и манипулација со информациите

ФБИ: ТикТок може да се користи за контрола и манипулација со информациите

Вашингтон,  8 март 2023 (МИА) - Апликацијата TikTok може да се користи за контрола на податоци и софтвер на милиони уреди во САД и за поттикнување на наративот за поделба на Америка, додека дури и разузнавачките служби би можеле да ја пропуштат таквата манипулација, изјави денеска директорот на ФБИ. Кристофер Вреј.

-Не сме сигурни дека би виделе некои од надворешните знаци на тоа доколку се случи. Тоа е алатка која на крајот е под контрола на кинеската Влада и за мене тоа е причина за загриженост за националната безбедност, рече Вреј, пренесе  Блумберг.

Републиканскиот сенатор Марк Рубио го нарече TikTok „една од највредните алатки за надзор на планетата“ и изјави дека може да се користи за собирање податоци и манипулирање со информации.

-На тој начин можат да ги трујат умовите и да стават ѓубре во главите на милиони луѓе. Ова е значајна закана за националната безбедност на земјата, со каква што не сме се соочиле во минатото, рече Рубио.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден претходно неделава го поддржа двопартискиот закон што на претседателот може да му даде овластувања да го забрани TикТок, што би можело да го забрза решавањето на проблемите за приватност околу популарната апликација.

Апликацијата ТикТок е предмет на ревизија од владиниот Комитет за странски инвестиции во САД, или Cfius, и се очекува наскоро да биде забранета на сите федерални уреди.

-Најбрзиот и најтемелниот начин за решавање на какви било грижи за националната безбедност во врска со ТикТок е Cfius да го усвои предложениот договор, на кој работиме со нив речиси две години, рече портпаролката на ТикТок, Брук Оберветер.сд/

Остани поврзан