• петок, 22 ноември 2024

Фатон Ахмети поднесе оставка од директорската функција на ФЗО

Фатон Ахмети поднесе оставка од директорската функција на ФЗО

Скопје, 15 август 2023 (МИА) - Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, во Фејсбук статус сподели дека поднесува оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). 

- Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, напиша Ахмети, кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Тој подолу во објавата вели дека својот ангажман ќе го продолжи фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на, како што вели, „визијата на Али Ахмети“. сх/нд/

Фото: Фејсбук

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан