• четврток, 22 август 2024

Фатах го обвини Израел дека со убиството на нивен член во јужен Либан сака да предизвика сеопшта војна во регионот

Фатах го обвини Израел дека со убиството на нивен член во јужен Либан сака да предизвика сеопшта војна во регионот

Рамала, 21 август 2024 (МИА) - Функционерот на палестинското движење Фатах, Тавфик Тирави, денеска го обвини Израел дека го убил членот на нивната организација во јужен Либан за да предизвика сеопфатна војна во регионот.

-Убиството на функционерот на Фатах е нов доказ дека Израел сака да предизвика сеопфатна војна во регионот, изјави Тирави, член на централниот комитет на Фатах, мислејќи на убиството на Калил Макдах, пренесоа француските медиуми.

Израел соопшти дека го гаѓале Макдах затоа што тој работел во Либан со Иран за пренос на пари и оружје на терористичките групи на Западниот Брег, во кој доминира Фатах, ривал на Хамас, кој владее со друга палестинска територија, Појасот Газа.

Израелската армија потврди дека извршила воздушен напад во близина на крајбрежниот либански град Сидон, во кој загина Макдах.

Тој е брат на функционерот на Фатах, Мунир Макдах, кого Израел со години го обвинуваше дека соработувал со единиците на либански Хезболах и Корпусот на Исламската револуционерна гарда за организирање напади врз Израелците.

Во заедничкото соопштение на израелската војска и службата за безбедност Шин Бет се наведува дека браќата Макдах работеле за нивната кауза од Либан. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан