Уште еден ирански воен брод пријавил проблеми кај Шри Ланка
- Екипажот на вториот брод контактирал со локалните власти во Шри Ланка, информирајќи ги за проблеми со моторот. Тие побарале дозвола за влез во пристаништето, но таа сè уште не е одобрена. Според достапните информации, комуникацијата меѓу двете страни е во тек.
Коломбо, 5 март 2026 (МИА) - Откако американските сили вчера го потопија иранскиот воен брод „Дена“, уште еден брод на иранската морнарица се соочува со проблеми во близина на Шри Ланка.
Бродот е дел од група од три брода кои се враќаат од меѓународен поморски настан во Индија.
Екипажот на вториот брод контактирал со локалните власти во Шри Ланка, информирајќи ги за проблеми со моторот. Тие побарале дозвола за влез во пристаништето, но таа сè уште не е одобрена. Според достапните информации, комуникацијата меѓу двете страни е во тек.
Министерот за информации на Шри Ланка се обрати пред парламентот, велејќи дека владата е запознаена со сите факти поврзани со иранскиот брод. Тој нагласи дека се преземаат чекори „за решавање на ова прашање, спречување на губење на животи и зачувување на мирот во регионот“. Со ова официјално се потврди дека властите на Шри Ланка се обидуваат да најдат решение за оваа ситуација.
Овој инцидент ја става владата на Шри Ланка во многу чувствителна позиција. Иако земјата не зазеде страна во тековниот конфликт и е далеку од главните операции, овој настан практично ја вовлече во него.сд/ми/
Фото:ЕПА