• понеделник, 20 мај 2024

Уште два дена до завршување на пријавувањето за „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Уште два дена до завршување на пријавувањето за „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Организаторите на десет километарската трка „ХалкЕко Скопје трча 10км“ најавија дека пријавувањето ќе се затвори в петок на 28 април или до пополнување на бројката од 1.500 учесници.

 

- Оваа трка е втора трка во Македонија, после ВизЕр Скопскиот маратон, која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светска Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции, соопшти организатор на трката Сојузот на спортови на Скопје.

 

Трката ќе се оддржи на 7 мај со почеток во 9 часот. Стартот и целта на трката е булевар „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“, додека патеката ќе биде дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански Одреди“.

 

При секоја пријава, натпреварувачите го одбраа своето таргет време, кое за колку време мислат дека ќе ја завршат трката.

 

Учесниците на трката ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети на 5ти и 6ти мај од 11 до 19 часот во СЦ Борис Трајковски, кај влезот спроти лизгалиштето. зс/

Остани поврзан