• четврток, 14 ноември 2024

Пратеникот Каевски на Сесија на ПССЕ во Стразбур

Пратеникот Каевски на Сесија на ПССЕ во Стразбур

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Во рамки на учеството на делегацијата од Собранието на РСМ во сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ), шефот на делегација, Дарко Каевски, имал средба со ирскиот кандидат за комесар за човекови права на Советот на Европа, др Мајкл О’Флаерти.

Делегацијата, како што соопштија од собраниската прес-служба, имала одделнa средба и со австрискиот кандидат за комесар за човекови права на Советот на Европа, Манфред Новак.

- На средбите, двајцата кандидати ги презентираа своите кандидатури за споменатата позиција, при што, секој за себе, го потенцираа своето искуство и компаративна предност. Тие, го претставија нивниот пристап кон прашањето на заштита на човековите права и слободи, односно слободата на говорот, правата на малцинствата, почитување на меѓународните обврски итн, се наведува во соопштението.

На средбата било потенцирано дека комесарот за човекови права треба да се заинтересира и да дејствува и во правец на почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија.

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, остварила средба и со шефот на Делегацијата на Туркије во ПССЕ, Јилдирим Туркут Туркеш.

На средбата биле разменети искуства и ставови во однос на работата на ПССЕ и точките што се разгледуваат на оваа сесија.

- Соговорниците се согласија дека имаме доби и пријателски односи меѓу двете држави и одлична комуникација во рамките на ПССЕ. Стана збор и за претстојната соработка меѓу двете делегации во текот на работата на ПССЕ, како и за постојната политичка ситуација во Република Северна Македонија во однос на процесот на уставните измени, како и за предизвиците што постојат на тој план, соопштија од Собранието на РСМ. цр/са/

Фото:Собрание на РСМ

Остани поврзан