• среда, 10 декември 2025

Учесниците на конференцијата КОП30 евакуирани во Белем поради пожар, кој сега е под контрола

Учесниците на конференцијата КОП30 евакуирани во Белем поради пожар, кој сега е под контрола

Белем, 20 ноември 2025 (МИА) - Една од зградите каде што се одржува конференцијата за климата КОП30 во Белем, Бразил, беше евакуирана денеска откако избувна голем пожар.

Пожарот предизвика густ чад и внатре и надвор од зградата. Првично, обезбедувањето на настанот се обиде да го изгасне пожарот со помош на противпожарни апарати. Потоа пожарникарите пристигнаа на местото на настанот.

Сведоци пријавија кратка паника за време на евакуацијата. Сите учесници, десетици илјади луѓе, беа изнесени од таа зона во исчекување на дополнителни информации. На местото на настанот се почувствува мирис на запалена пластика.

Пожарникарите брзо реагираа и пожарот сега е „под контрола“, соопштија бразилските власти. Причината за инцидентот сè уште не е позната. мс/сд/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан