• недела, 05 мај 2024

Ученици украсуваа велигденски јајца во Кавадарци

Ученици украсуваа велигденски јајца во Кавадарци
Кавадарци, 21 април 2022 (МИА) - Ученици украсуваа велигденски јајца во Кавадарци, во пресрет на големиот празник Велигден и почитување на традицијата. Настанот беше во организација на Дом на култура ,,Иван Мазов-Климе".
-Користејќи ја својата креативност и различни материјали, бои и хартија, основци од нашиот град, под на менторство наставниците  Горан Боев и Кире Јошев, изработија прекрасни креации, појасни Владимир Темков, академски сликар и вработен при кавадаречкиот културен дом.
Тој додаде дека со овој настан, Домот на културата ја продолжува долгогодишната пракса за одбележување на овој христијански празник.
-На денешниот настан се приклучија и ученици од Португалија, Данска и Бугарија, кои беа гости на работилницата при домот, ,,Театар сенки", а под менторство на Милка Мркева од Оновното училиште ,,Гоце Делчев".свд/сх

Остани поврзан