ВМРО-ДПМНЕ: ССМ е партиски огранок на СДС, а Трендафилов претседател на општински штаб, чекаат од партија да им кажат што да бараат
- СООПШТЕНИЕ -
Скопје, 10 март 2025
Слободан Трендафилов е незаконски претседател на ССМ, го узурпирал местото со помош на СДС, за сега да мора да слуша и исполнува се што ќе му се каже од Бихаќка.
Првин СДС излегува со партиски соопштенија и предлози, па потоа ССМ со барања, па втор пат ССМ излегува со барања, па СДС ги поддржува. Синергија како помеѓу партиски органи.
Целта е една и единствена, креирање забуна во јавноста и осакатување на развојната политика на владата.
Планот не им успеа затоа што СДС преку Сања Лукаревска призна дека се координирани со ССМ и дека одржуваат заеднички состаноци. Сите лаги им излегоа на површина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото МИА архива