• вторник, 02 јули 2024

Утре ќе се одржи 9 издание на Меѓународниот џудо турнир „Struga Open 2024“

Утре ќе се одржи 9 издание на Меѓународниот џудо турнир „Struga Open 2024“

Струга, 8 јуни 2024 (МИА) - „Struga Open 2024“ е насловен Меѓународниот џудо турнир што утре по деветти пат годинава ќе се одржи во организација на Џудо клубот „Дрим“.

Новина на овогодинашното издание, според Ѓорги Стојанов, дел од организацискиот тим, е интерконтиненталниот карактер, со учество на натпреварувачи од Африка и Азија.

-На настанот ќе учествуваат околу 600 џудисти од цела Европа, а пријавени се и џудо клубови од Азија и Африка. Се е подготвено за и оваа година да приредиме еден вистински празник за сите љубители на џудо спортот, кои борбите ќе можат да ги следат бесплатно во спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, изјави Стојанов.

Борбите, додаде тој, ќе може да се следат и во живо преку youtube каналот на Џудо федерацијата на Македонија. сс/фф/

Фото: Плакат

Остани поврзан