Утре минусни температури, во вторник и среда нов влажен бран
- Според УХМР, кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.
![Утре минусни температури, во вторник и среда нов влажен бран](https://mia.mk/images/20231126112550_big_730x400_95.webp )
Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - УХМР соопшти дека утре времето ќе биде сончево и многу студено, особено во утринските часови, кога температурата во најголем дел од земјава ќе се спушти под -5, а на места и под -10 степени.
Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер.
Според УХМР, кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми. мч/дма/
Фото:МИА архива