• понеделник, 23 декември 2024

Утре без струја делови од неколку општини

Утре без струја делови од неколку општини

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат, делови од општините Гази Баба, Карпош и Студеничани.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје во периодот од 07:30 до 16:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Методија Андонов-Ченто“, објектите Автоцентар, Престиж Делукс, МЗТ Агрома, Центар за регистрација на возила, индустриските објекти околу Агросервис, во општина Гази Баба.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците на ул. „Козле“ бр.1,5,7 и 8 во општина Карпош, а во истиот период и корисниците од селото Моране и дел околу училиштето во општина Студеничани. сст/дма/

 

Фото:МИА архива

Остани поврзан