Утре без вода улиците „20-ти Октомври“ и „Мирче Оровчанец“
- Најавениот прекин во водоснабдувањето, односно изведувањето на водоводниот приклучок на ул.„20-ти Октомври“ 30, поради технички причини се одложува за утре (31 мај).
![Утре без вода улиците „20-ти Октомври“ и „Мирче Оровчанец“](https://mia.mk/images/20240530150140_big_730x400_23.webp )
Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Најавениот прекин во водоснабдувањето, односно изведувањето на водоводниот приклучок на ул.„20-ти Октомври“ 30, поради технички причини се одложува за утре (31 мај).
ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека утре од 9:00 часот до завршување со работните активности прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „20-ти Октомври“ и „Мирче Оровчанец“. дма/
Фото:МИА архива