• недела, 22 декември 2024

Успешно заврши обуката за членовите на избирачките одбори во општина Центар Жупа

Успешно заврши обуката за членовите на избирачките одбори во општина Центар Жупа

Дебар, 3 април 2024 (МИА) - Во општина Центар Жупа, денеска заврши четиридневната обука на членовите на избирачките одбори, за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Обуката, како и за членовите на Општинската изборна комисија, ја реализираа тројца унапредени обучувачи, како помошно тело на Државната изборна комисија.

-Можам да оценам дека обуката помина многу успешно. Всушност имавме шест обуки, четири во просториите на општинската зграда во Центар Жупа и две во простории на основното училиште во село Новак. Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места, што значи дека се обучени 160 членови, изјави за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи.

Според него, обуките за членовите на комисијата и 27. избирачки одбори во Дебар ќе бидат одржани од 15 до 19 април.

Оваа и општина Дебар припаѓаат на петтата изборна единица. Во избирачкиот список за општина Дебар запишани се над 19 илјади, додека за соседната општина, Центар Жупа, над 7.200 граѓани со право на глас.вт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан