• вторник, 24 декември 2024

Усвоен Буџетот на Општина Илинден за 2025 година

Усвоен Буџетот на Општина Илинден за 2025 година

Скопје, 24 декември 2024 

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2025 година, со вкупна вредност од 543.501.000 денари или приближно 8,8 милиони евра.

Анализата на приходите и расходите на Општината во буџетот за минатите години и планираните реални приходи за 2025 година се земени како основа во проектирањето на Буџетот на Општина Илинден, со развојна компонента при што е применет партиципативниот принцип на буџетирање, како и следење на реалните потреби и барања на локалната заедница при дефинирање на програмите за развој.

Значителен дел од капиталните расходи се планирани во програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта, односно се планира за подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура), подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони и одржување на постојната патна инфраструктура.

Во програмата за заштита и унапредување на животната средина наменети се средства за изградба на фекална канализација и чистење на одводни канали и речни корита, оржување чистота на јавни површини, одржување, уредување и проширување на јавни зелени површини и пошумување, субвенции на граѓаните за потикнување на заштита на животната средина.

За капитални расходи во образование и детска градинка наменети се средства за нова опрема, реконструкција и доградба на постојните училишта и на детската градинка во општината, како и вложување во спортска инфраструктура.

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: Општина Илинден

Остани поврзан