• петок, 03 мај 2024

Усвоени уставните измени во бугарското Собрание

Усвоени уставните измени во бугарското Собрание

Софија, 20 декември 2023 (МИА) - Народното собрание на Бугарија денеска даде одобрување за уставните измени со кои се одзема голем дел од овластувањата на претседателот врз преодната влада, се намалуваат овластувањата на јавниот обвинител и се реструктуира Врховниот судски совет.

Со измените се создава и процедура за пристап на граѓаните до Уставниот суд.

Вкупно 165 пратеници ги поддржаа уставните амандмани од ГЕРБ, ПП-ДБ и ДПС. „Против“ беа 71 пратеник од „Вазраждане“, БСП и „Има таков народ“.

Уставните измени ќе бидат нападнати пред Уставниот суд од партиите кои гласаа против во парламентот. Овие партии се очекува да добијат поддршка од претседателот Румен Радев. мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан