• недела, 22 декември 2024

УСАИД ќе обезбеди 125 милиони долари помош за Украина

УСАИД ќе обезбеди 125 милиони долари помош за Украина

Вашингтон, 18 јануари 2023 (МИА) - Директорката на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Саманта Пауер, денеска објави дека администрацијата на Бајден ќе обезбеди помош од 125 милиони долари за поправка на инфраструктурата во Украина.

Пауер која присуствува на Светскиот економски форум во Давос, рече дека парите ќе бидат обезбедени од дополнителната програма за помош за Украина, одобрена од американскиот Конгрес минатиот месец.

УСАИД планира да испрати пари за набавка на резервна енергија за системи за водоснабдување и централно греење во Киев. Средствата ќе помогнат и за надополнување на снабдувањето со гас потребни за производство на електрична енергија. аб/

Остани поврзан