• понеделник, 01 јули 2024

Уништени 36 украински беспилотни летала во западна Русија

Уништени 36 украински беспилотни летала во западна Русија

Moсква, 1 јули 2024 (МИА) - Во западните руски области кои граничат со Украина синоќа се уништени 36 украински беспилотни летала, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Системите за ПВО уништија 18 беспилотни летала над областа Брјанск, девет беспилотни летала во областа Курск и девет беспилотни летала над регионот Белгород“, соопшти утрово Министерството.

Не е прецизирано дали има штета или повредени.
Локалниот гувернер на областа Брјанск, Александар Богомаз изјави дека соборените беспилотни летала не предизвикале никаква штета, а нема жртви.

Руското МО соопшти дека соборило исто толку летала во шест западни региони. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан