• сабота, 27 јули 2024

УНИЦЕФ: Убивањето деца мора да престане

УНИЦЕФ: Убивањето деца мора да престане

Њујорк, 13 октомври 2023 (МИА) - Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека оваа недела во Газа се убиени стотици деца и порача дека тоа мора веднаш да престане.

-Убиството на децата мора да престане. Сликите се јасни: деца со страшни изгореници, минофрлачки рани и отсечени екстремитети, а болниците се преоптоварени и не можат да ги лекуваат, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Еледер, пренесе Си-Ен-Ен.

Елдер се приклучи на повиците од меѓународната заедница и рече дека израелските деца кои се држат како заложници во Газа мора веднаш да бидат вратени безбедно кај нивните семејства. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан