• недела, 22 декември 2024

УНИЦЕФ: Повеќе од 13.000 деца се убиени во Газа од почетокот на војната

УНИЦЕФ: Повеќе од 13.000 деца се убиени во Газа од почетокот на војната

Њујорк, 6 април 2024 (МИА) - Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел изјави дека „повеќе од 13.000 деца“ се убиени во војната во Појасот Газа, додека „безброј“ повеќе се повредени за време на интензивните напади на Израел врз палестинската енклава.

-Уништени се домови, училишта и болници. Убиени се наставници, лекари и хуманитарци. Доаѓа страшен глад. Нивото и брзината на уништување се шокантни. На децата сега им треба прекин на огнот, рече Расел на платформата „X“.

Бројот на загинати во нападите на израелската армија од 7 октомври 2023 година, денеска се искачи на 33.137, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Претходно денеска Министерството соопшти дека во претходните 24 часа загинале уште 46 Палестинци, а 65 биле повредени. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан