Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола изработува нова стратегија за развој
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“-УКЛО почна изработка на нова стратегија со која ќе го дефинира и насочува развојот на Универзитетот и ќе ги утврдува начините за постигнување и реализација на поставените цели.

Битола, 14 март 2023 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-УКЛО почна изработка на нова стратегија со која ќе го дефинира и насочува развојот на Универзитетот и ќе ги утврдува начините за постигнување и реализација на поставените цели.
Во процесот на изработка на стратегијата за развој, УКЛО ќе го вклучи целокупниот акдемски и административен кадар, студентите и алумните на Универзитетот.
Во процесот што е во тек, посебно внимание ќе се посвети на идеите и предлозите од бизнисот, локалните самоуправи, граѓанскиот сектор, претставниците на меѓународната заедница и опкружувањето. На овој начин УКЛО планира да овозможи имплементација на највисоки академски стандарди за да обезбеди високо позиционирање.
Според истражувачкиот прашалник, работната група е фокусирана на процесите на редефинирање на УКЛО, засилување на квалитетот на наставните програми и компетенции на студентите. мт/дма/
Фото: МИА