• сабота, 06 јули 2024

Унгарија го одложува гласањето за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Унгарија го одложува гласањето за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Будимпешта, 28 јуни 2023 (МИА) – Унгарскиот Парламент денеска ја одложи ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО до нејзината есенска седница, што значи дека нордиската земја нема да се приклучи Алијанса пред или за време на Самитот на НАТО во јули.

Пратеничката од опозициската Демократска коалиција, Агнес Видаи на Фејсбук напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес нема да закажат гласање за прием на Шведска за време на последната пролетна сесија следната недела.

Високи унгарски претставници изјавија дека го поддржуваат влезот на Шведска во алијансата, но поставија нејасни барања до Стокхолм како услов за прием.

Во март Унгарија испрати делегација во Шведска и Финска за да ги реши „политичките спорови“ кои предизвикаа сомневања кај некои пратеници на Фидес дали да ги поддржат нивните апликации за НАТО.

Владата на Орбан тврди дека шведските политичари кажуваат „чисти лаги“ за состојбата на демократијата во Унгарија, што, според него, оставило некои пратеници несигурни дали да ја поддржат кандидатурата за пристап.

Неизвесноста околу кандидатурата на Шведска е зголемена со приговорите од Турција, која го обвинува Стокхолм дека е премногу мек кон групите кои Анкара ги смета за терористички организации. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан