• недела, 22 декември 2024

Умерен земјотрес регистриран во Романија

Умерен земјотрес регистриран во Романија

Букурешт, 13 февруари 2023 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил на длабочина од осум километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин во југозападниот дел на земјата, во близина на границата со Србија.

Земјотресот е почувствуван и во главниот град на Србија, Белград. ми/

Остани поврзан