• петок, 17 мај 2024

Украинците погодиле голема фабрика за преработка на железо во близина на Курск

Украинците погодиле голема фабрика за преработка на железо во близина на Курск

Москва, 6 март 2024 (МИА) - Украинско беспилотно летало погоди резервоар за гориво во еден од најголемите руски капацитети за преработка на железна руда, иако никој не е повреден, а фабриката работи нормално, соопштија руските власти и сопственикот на фабриката.

Снимките на руските канали на Телеграм денеска покажаа облаци црн чад што се издигнуваат на небото во регионот Курск, како и оштетувања во фабриката за железна руда Михајловски ГОК во сопственост на Металоинвест, најголемиот руски производител на железна руда.

-Денеска, како резултат на напад со беспилотни летала во областа Железногорск, се запали резервоар за гориво во складиштето за гориво и на рударско-преработувачката постројка Михајловски, јавија руските медиуми.

Во соопштението се вели дека нема повредени, а во моментов се преземаат неопходните мерки за гаснење на пожарот.

Гувернерот на Курск, Роман Старовојт, го обвини Киев за нападот на областа Железногорск во областа Курск, која е позната по рудниците за железо и се наоѓа на околу 90 километри од украинската граница. Тој подоцна рече дека постои ризик од ракетни напади врз областа.

Михајловски ГОК е една од најголемите фабрики за ископ и преработка на железна руда во Русија.

Регионот Курск е под редовен напад од Украина откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Властите во руските региони Белгород и Воронеж, кои исто така се редовни цели на напади, соопштија дека и таму биле соборени украински беспилотни летала. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан