• сабота, 13 јули 2024

Украински дрон погоди скадиште за нафта во Ростовската област

Украински дрон погоди скадиште за нафта во Ростовската област

Ростов/Киев, 13 јули 2024 (МИА) - Украинско беспилотно летало ноќеска погодило складиште за нафта во регионот Цимлјански, во руската Ростовска област, по што избувнал пожар.

Гувернерот на областа Василиј Голубев на Телеграм објави дека според првичните информации, нема загинати и повредени во украинскиот напад. 

Украинската војска, пак, соопшти дека биле соборени четири руски дрона во областите Доњецк и Харков. Командантот на воздухопловните сили на Украина, генерал-полковник Никола Олешук, изјави дека еден руски  дрон го напуштил воздушниот простор на Украина и се упатил во правец на регионот Гомел во Белорусија.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан