• понеделник, 16 март 2026

Украинските власти: Руски напад врз областа Одеса, две лица убиени, три ранети

Украинските власти: Руски напад врз областа Одеса, две лица убиени, три ранети

Киев, 23 февруари 2026 (МИА) - Во руски напад врз областа Одеса, јужна Украина, загинаа две лица, а три се ранети, објавија денеска украинските власти.

Две лица ги загубија животите кога руски дрон се урна на паркинг за камиони и предизвика пожар.

Министерот за инфраструктура Олексиј Кулеба изјави дека биле нападнати инфраструктурни објекти на пристаништето Одеса.

„Русија систематски напаѓа објекти што немаат воена намена обидувајќи се да ја загрози економијата на регионот и на целата земја“, рече Кулеба.

Москва ги засили нападите врз украинските пристаништа на Црното Море откога рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на минатата година изјави дека ќе ја „отсече Украина од морето“. мс/јт/

фото: Архива

Остани поврзан