• сабота, 27 јули 2024

Украинските сили изминатата ноќ уништиле се 16 од 18 дронови лансирани од Русија

Украинските сили изминатата ноќ уништиле се 16 од 18 дронови лансирани од Русија

Киев, 25 февруари 2024 (МИА) – Украина уништи 16 од 18 дронови кои Русија ги лансирала во текот на ноќта, соопшти денеска украинската армија.

Се додава дека украинските воздушни сили и воздушна одбрана уништиле беспилотни летала од иранско производство над осум региони во централниот, западниот и јужниот дел на Украина, вклучително и во регионот на Киев.

Украинските воздухопловни сили на Телеграм соопштија дека дроновите полетале од градот Приморско-Ахтарск од Краснодарската област, како и од ’ртот Чауда, од полуостровот Крим. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан